Народна банка

Платежните картички го заменуваат кешот

02.01.2025 11:27

Во третиот квартал од минатата година бројот на трансакции со картички пораснал за над 10 проценти, а вредноста на трансакциите за повеќе 13. Бројот на плаќања во е-трговијата изнесува речиси 30 проценти...

Место кеш, граѓаните се повеќе користат платежни картички и електронско банкарство – покажуваат податоците на Народна банка. Во третиот квартал од минатата година бројот на трансакции со картички пораснал за над 10 проценти, а вредноста на трансакциите за повеќе 13. Бројот на плаќања во е-трговијата изнесува речиси 30 проценти.

Употребата на апликации за мобилно плаќање, пак, покажува годишен раст од 50 проценти во однос на 2023-та.

„Мобилните апликации за плаќање стануваат се’ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за  платежни трансакции“, објаснуваат од Народна банка.