САД

Најмалку 10 лица повредени во пукање пред ноќен клуб во Квинс, Њујорк

02.01.2025 11:47

Според њујоршката полиција, биле регистрирани околу 30-на истрели, по што напаѓачите побегнале од местото на инцидентот. Полицијата ја исклучи можноста од терористички напад...

Најмалку десетмина се повредени синоќа во Квинс, Њујорк, откако четворочлена група стрелала во редицата посетители пред преполниот ноќен клуб „Амазура“.

Според њујоршката полиција, биле регистрирани околу 30-на истрели, по што напаѓачите побегнале од местото на инцидентот. Полицијата ја исклучи можноста од терористички напад.

„Првичната истрага покажа дека во клубот имало околу 90 лица. Имало и редица од 15-мина пред клубот. Напаѓачите пристигнале пеш и рафално стрелале во луѓето. Потоа побегнале во возило „седан“ без регистерски таблички. 10-мина се повредени, шест жени, четворица мажи кои закрепнуваат без животнозагрозуваќки повреди“, изјави Филип Ривера, шеф на патролите на њуоршката полиција.