Економија

Расте плаќањето со платежни картички

02.01.2025 15:05

Место кеш, граѓаните се повеќе користат платежни картички и електронско банкарство, покажуваат податоците на Народна банка. Во третиот квартал од минатата година бројот на трансакции со картички пораснал за над 10, а вредноста на трансакциите за повеќе 13 проценти...

Паричниците на граѓаните се сè полесни. Една од причините е што сè повеќе се плаќа со платежни картички наместо со банкноти. Граѓаните велат, со платежни картички е полесно, но сакаат да имаат и кеш.

Плаќањето со платежни картички најчесто се користи за плаќање сметки преку интернет.

Во третиот квартал од минатата година, бројот на трансакциите со картички пораснал за над 10, а вредноста на трансакциите за повеќе од 13 проценти, покажуваат податоците на Народна банка.

Зголемена е и трговијата преку интернет за околу 30 отсто. Употребата на апликации за мобилно плаќање се зголемила за 50 проценти во однос на 2023-та.

Мобилните апликации за плаќање стануваат сè попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за  платежни трансакции, објаснуваат од Народна банка.

 

Ирина Гелевска