Тенис

Ѓоковиќ стигна до уште една победа на турнирот во Бризбејн

02.01.2025 12:26

Поранешниот прв светски рекет победи со 6:3 во двата сета и така дојде до 20-тата победа во кариерата во исто толку дуели со Монфис...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до уште една победа на турнирот во Бризбејн, откако денеска лесно се справи со Француизнот Гаел Монфис победувајќи го со 2:0 во сетови.

Поранешниот прв светски рекет победи со 6:3 во двата сета и така дојде до 20-тата победа во кариерата во исто толку дуели со Монфис.

Победата Ѓоковиќ ја оствари за 74 минути, а во следната рунда ќе се соочи со Рајли Опелка.