Македонија

„Анима мунди“ бара разрешување на заменик-директорот на „Македонија пат“, застрелал мечка

02.01.2025 14:33

Здружението „Анима мунди“ бара заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго да биде разрешен од функцијата. Како причина за ова, презентираше негова фотографира на која позира со мечка како трофеј...

Здружението „Анима мунди“ бара заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго да биде разрешен од функцијата. Како причина за ова, презентираше негова фотографира на која позира со мечка како трофеј.

„Мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането и е казниво со затворска казна од една до пет години“, потсетуваат од „Анима мунди“.  

Оттаму најавија дека против функционерот ќе поднесат кривична пријава.

 

Фото: „Анима мунди“