Здравство

Се чекаат конкурсите за вработување во здравството

02.01.2025 17:39

Согласностите обезбедени, се чекаат конкурсите за вработување во здравството. Приватните специјализанти живеат во надеж за конечно решавање на нивниот статус...

Нова година со нова надеж за 1.200 здравствени работници кои се со договор на дело и чекаат вработување. До 31-ви март треба да се реши нивниот статус.

Директорите на клиниките, болниците, здравствените домови во државата веќе имаат доставено барања до Министерство за здравство за специјалисти што им недостигаат. Приоритет за вработување ќе имаат специјализнатите што се шеста, петта година, доколку не се поплни бројот и четврта година.

Дел од специјализантите регирале и прашуваат- зошто некој да биде вработен на Клиника, а некој во болница во внатрешноста. Оние што ќе бидат вработени во втората група ќе земаат 26.000 денари.

Министерот за здравство Таравари најави дека специјализациите ќе ги следи Министерството. И приватните и државните ќе бидат одобрувани според потребите на јавното здравство.

Наташа Јанчиќ Менковски