Словенија го возобнови планот за продажба на 15 државни компании

29.07.2014 11:52

Словенија објави дека го продолжува процесот за приватизација на 15 државни претпријатија, пред новата влада на земјата да стапи на должност, откако постапката беше времено прекината поради парламентарните избори во земјата.
 
Претходната левоцентристичка Влада на премиерката Аленка Братушек ја прекина програмата за приватизација со цел да и овозможи на новата Влада да го преиспита процесот.
 
Продажбата на државните компании е клучен дел од планот за стабилизирање на словенечките државни финансии и економијата на земјата, откако Владата минатата година потроши три милијарди евра за спас на банките.
 
Меѓу државните компании кои се ставени на продажба е и Телеком Словенија, сопственик на операторот ОНЕ на македонскиот пазар.