Анализа

Судскиот совет ја изгуби довербата, потребни се измени

02.01.2025 16:19

Судскиот совет утре треба да добие нов претседател. Изборот на наследникот на Дамева доаѓа во време кога премиерот Мицкоски јавно ги повикува членовите да поднесат оставки поради ниската доверба, во спротивно најави и разрешувања на оние кои се избрани во Собранието. На иста линија и дел од правниците...

Судскиот Совет утре на седница ќе избира нов председател, откако сега веќе поранешна претседателска Весна Дамева во декамври даде неотповиклива остака, поради како што рече, политички притисоци.

Дел од правниците на иста линија со премиерот Мицкоски. Судскиот совет целосно ја изгуби довербата и нужно е да претрпи измени. Откако не помина извештајот на Советот во Собрание, не се исклучува ниту разрешување на членовите кои се избрани од Законодавниот дом. Според адвокатот Аександар Новаковски, дел од членовите на оваа институција се истакнати партиски фигури кои не се ниту судии, и таму не им е местото. Тие според него, и досега требало да си поднесат оставки.

„Кога немаат доблест тоа да го направат, по секоја цена да останат во такво тело, кога има критики дека не одат работите на добро, тогаш мора државата да реагира. Не може да гледате дека нефункционира судскиот систем, а вие сте носител на функција, да не реагирате, тоа е недозволиво во демократскиот систем“, вели Новаковски.

Изборот и именувањето на дел од судиите во Собранието е согласно Уставот- оценува Новаковски, и додава дека нивното разрешување треба да биде аргументирано. Преупредува да не се повтори истата грешка како со предходниот состав. Внимателно да се одберат новите членови, како не би ја компромитирале институцијата.

„Луѓето веќе зборуваат кој ќе биде избран, и тоа не е добро. Не смее да има политчко влијание, и не е само тоа, ги забораваме бизнис интересите“, додава Новаковски.

Оценската мисија на ЕУ веќе даде серија препораки за надминување на проблемите во правосудството.

 

Марина Стојанова- Тонева