Црна Гора

Граѓаните на Црна Гора им оддаваат почит на 12-те жртви во масакрот во Цетиње

03.01.2025 08:17

Меѓу сограѓаните и ожалостените кои пред две години во истиот град во слично пукање ги загубија своите најмили. Прстот го вперија во владата, велат – мора нешто да преземат...

Со минутен молк, свеќи и пораки во книгите на жалост, граѓаните на Црна Гора им оддаваат почит на 12-те жртви во масакрот во Цетиње. Меѓу сограѓаните и ожалостените кои пред две години во истиот град во слично пукање ги загубија своите најмили. Прстот го вперија во владата, велат – мора нешто да преземат.

„Ќе мораат, јас ќе им отидам, заради сите деца. Кога моите Марко и Машан заминаа јас се борев за другите деца да можат да живеат, но не ме слушнаа, е сега добро ќе ме слушнат. Убиецот не ги пореди сите жртви на едно место за да може да ги убие одеднаш. Одеше од куќа до куќа. Каде беше полицијата? Тие се обични кукавици“, изјави Весна  Пејовиќ, мајка на убиена ќерка и внуци во Цетиње во 2022 година.

Пораки пристигнаа и од Подгорица.

„Се чувствувам лошо. Не можам да верувам дека толку многу потфрливме како општество. Не успеавме ниту како луѓе. Каде беа овие пријатели, кумови на убиецот за да му помогнат кога знаеле дека не се чувствува добро? Сега сите знаат дека тој не беше добро“, Мира Шкориќ,  пензионерка од Подгорица.

На вонредна конференција полицијата соопшти дека Мартиновиќ го извршил крвавиот пир за само 30 минути. Денеска заседава и Советот за национална безбедност.