Намалена видливост поради магла кај Неготино, Демир Капија и Катланово – Велес
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
ЈП Македонијапат соопшти дека поради магла видливоста е намалена кај Неготино, до 70 метри, и Демир Капија до 80 метри, како и на патот Катланово – Велес, 90 метри.
Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево., соопшти АМСМ.
