Јужна Кореја

Обидот за апсење на јужнокорејскиот претседател одложен

03.01.2025 08:24

Од Канцеларијата за истраги за корупција велат дека одлуката е поради безбедносни причини на теренот каде што приврзаниците на Јун и опозицијата излегоа на протести...

Јужнокорејските истражители ги прекинаа напорите за спроведување на налогот за апсење на отповиканиот претседател Јун Сук Јеол откако по неколку часовните напори не успеаја да се справат со неговиот безбедносен тим во претседателската резиденција во Сеул. Од Канцеларијата за истраги за корупција велат дека одлуката е поради безбедносни причини на теренот каде што приврзаниците на Јун и опозицијата излегоа на протести.

„Земјата е во состојба на граѓанска војна и анархија. Претседателот Јун треба да се врати за да може да ја нормализира земјата“, изјави Чои Сунг-Вон, приврзаник на Јун.

„Суспендирањето на неговите претседателски овластувања не е доволно, тој треба кривично да биде казнет и да не му биде дозволено да прави ништо“, изјави Канг Сае-Бом, опозициски демонстрант.

Претседателот се бара за испрашување во повеќе истраги, вклучително и обвиненија за водење на бунт – кривично дело казниво со доживотен затвор, па дури и смртна казна. Налогот за апсење е со важност до 6 јануари и за првпат се спроведува против актуелен претседател во земјата.