Скопје

Дел од населбата Кисела Вода без вода

03.01.2025 08:33

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Јордан Филиповски“ и „Есенинова“ во населбата Кисела Вода...

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Јордан Филиповски“ и „Есенинова“ во населбата Кисела Вода.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради поврзување нова на веќе постоечка мрежа Ф-100 мм на ул. „Жил Верн“ бр. 12 во населба Кисела Вода.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.