Влада

Премиерот Мицкоски ќе присуствува во пуштање на употреба на спортска сала „25 Мај“ во Општина Радовиш

03.01.2025 08:34

Комплетна санација на спортска сала „25 Мај“, е една од капиталните инвестиции на Министерството за спорт во спортската инфраструктура...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе присуствува во пуштање на употреба на спортска сала „25 Мај“ во Општина Радовиш. Комплетна санација на спортска сала „25 Мај“, е една од капиталните инвестиции на Министерството за спорт во спортската инфраструктура. Комплетно се санирани подот и трибините во салата.

Вредност е 20.000.000 денари, а проектот е реализиран за помалку од 2 месеци, соопштија од Владата. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.