Образование

Министерката Јаневска на средба со Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени

03.01.2025 08:38

Денеска министерката Јаневска ќе оствари средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени.

Денеска во Студентскиот културен центар министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе оствари средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени.

Како што најавија од Министерството, предвидени се изјави за медиумите.