Извлечени тела од автомобилот што влета во Вардар
Тешка сообраќајна несреќа, извлечени се мртви тела на семејството кое попладнево со автомобил излета во Вардар на локалниот пат меѓу Рашче и Сарај. Спасено е четиригодишно дете кое излетало пред несреќата, било најдено од минувачи, хоспитализирано е на Клиниката за детска хирургија и е во стабилна состојба...

Извлечено е возилото кое влета во Вардар во близина на селото Рашче, полициските нуркачи и специјалната единица Тигри извадија тела на членови на семејството кои се превезувале во него.
Детето е спасено, според првичните информации излетало пред несреќата. Било пронајдено од минувачи. Го однеле во градската болница хоспитализирано е на Детска хирургија на Клинички и е во стабилна состојба вели за МТВ директорот доктор Јовчевски.
На местото покрај полициските екипи и првата помош беше и јавен обвинител. Се истражуваат причините за несреќата.
Александра Велинова
