Македонија

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

03.01.2025 09:00

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 45 сантиметри во Маврови Анови, 44 во Попова Шапка, 15 во Крушево и 5 во Лазарополе...

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени-7 степени, -6 било во Скопје Петровец, -5 во Скопје-Зајчев Рид и Струмица, -4 во Битола, Велес, Куманово и Попова Шапка, -3 во Тетово, Штип, Демир Капија, Кавадарци и Крива Паланка, -2 во Лазарополе, -1 во Гевгелија и Прилеп, 0 во Охрид и Претор, 1 во Виница, Дебар и Маврови Анови, 2 во Крушево.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 45 сантиметри во Маврови Анови, 44 во Попова Шапка, 15 во Крушево и 5 во Лазарополе.

Времето во текот на ноќта и изутринава беше ведро и студено со слаб до умерен ветер претежно од јужен и југозападен правец.