Регион
Земјотрес регистриран во југозападниот дел на Бугарија
03.01.2025 09:52
Потресот бил во 06:47 часот по локално време со епицентар во близина на границата со Македонија и на 20 километри од градот Петрич...

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во југозападна Бугарија, соопшти тамошниот Национален институт за геофизика, геодезија и географија.
Потресот бил во 06:47 часот по локално време со епицентар во близина на границата со Македонија и на 20 километри од градот Петрич.
