Судски совет

Александар Камбовски избран за нов претседател на Судски совет

03.01.2025 10:30

Александар Камбовски е дипломиран правник и магистер по правни науки. За прв пат е избран за судија во 2010 година во Основниот суд Битола како дел од втората генерација слушатели на Акдемијата за судии и јавни обвинители (АСЈО)...

Битолскиот судија Александар Камбовски, со 13 гласа за, од 15 членови на Судскиот совет избран за нов претседател на советот откако Весна Дамева на крајот на минатата година поднесе оставка од функцијата. На седницата не беа присутни претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми и министерот за правда, Игор Филков кои и онака немаат право на глас во советот.

Александар Камбовски е дипломиран правник и магистер по правни науки. За прв пат е избран за судија во 2010 година во Основниот суд Битола како дел од втората генерација слушатели на Акдемијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Седум години подоцна, во 2017 година, Камбовски е избран за судија на Апелацискиот суд Битола кога станува и предавач на (АСЈО). На крајот на февруари минатата година беше избран за в.д. претседател на судот, а на почетокот на јуни 2024 година беше избран за член на Судскиот совет.

Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои осумчлена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца на предлог на претседателот на државата. По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои учествуваат во работата на Советот без право на глас.