Потребата од згрижувачки семејства е неопходна, ќе се работи на зголемување на финансиската поддршка за згрижувачките
Згрижувачки семејства за децата кои останале без родителска грижа, се единствена шанса тие да ја добијат неопходната љубов и топол дом кој им недостига. Потребно е да се зголеми свесноста кај населението за згрижување, особено кај помладите. Приказните кои ги споделија згрижувачките се одлична можност за да се поттикне емпатијата во нашето општество. Од Министерството за социјална политика, демографија и млади велат дека ќе работат и на зголемување на финансиската поддршка која ја добиваат овие семејства и се надеваат дека бројот од 369 семејства моментално, оваа година ќе се зголеми …

55-годишната Домница Петроска од Крушево 8 години се грижи за третоодделенецот Благоја – лице со даунов синдром. Личните несреќни ситуации кои ги доживеала низ животот, ја мотивирале да стане згрижувач и да му овозможи топол дом и родителка грижа. Вели задоволна е од напредокот кој го постигнува Благој во училиште и дека ќе продолжи да се грижи за него до крајот на животот.
Пенелопа Маркоска вработена во Центар за социјални работи, секојдневно се сретнува со деца без родителска грижа-вели станале згрижувачко семејство на желба на нејзините две деца. Јана ја згрижиле на 5-годишна возраст и со нив расте веќе 4 ипол години.
Во државава има 369 згрижувачки семејства кои имаат згрижено 605 деца, во битолскиот регион над 45 семејства со повеќе од 50 корисници. Од Министерството велат ќе продолжи да се работи и на зголемување на финансиската поддршка која ја добиваат овие семејства, која подолги години не е променета.
Преку кампањата „Поддршка на згрижувачките семејства“ се очекува да се зголеми свесноста за згрижување деца без родителска грижа, но и да се зголеми бројот на помлади згрижувачи.
Во Македонски Брод има 37 згрижувачки семејства, според бројот на население секој 120 возрасен жител е згрижувач, мало место од каде се испраќа голема и силна порака до сите градови и луѓе.
Александра Максимовска
