Блиски исток

Израел и Хамас продолжуваат со разговорите за прекин на огнот

03.01.2025 17:51

Израел и Хамас испраќаат преговарачи во Катар за да ги продолжат разговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа. На терен, борбите продолжуваат. Во изминатото деноноќие над 30 жртви во централниот дел на енклавата.

Во Новата година, нов оптимизам за смирување на конфликтите на Блискиот Исток. Израел и Хамас испраќаат преговарачи во Катар за да ги продолжат разговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа. На терен, борбите продолжуваат. Во изминатото деноноќие над 30 жртви во централниот дел на енклавата.

„Спиевме. Немавме врска со ништо. Сите луѓе беа цивили. Се разбудивме од ракетниот напад. Ја најдовме целата куќа распадната, жени и деца убиени.“

И покрај примирјето, израелската војска синоќа погодила ракетни фрлачи на Хезболах во јужен Либан, двете страни разменија обвинувања за прекршување на договорот. Не мируваат и Хутите поддржани од Иран. Стотици илјади Израелци веќе неколку дена бараат засолниште среде ноќ по сирените за воздушен напад.

„Ги научивме лекциите од украинската војна од 2006 година, втората либанска војна, и тие лекции ни покажаа дека војната може да биде поразена само со копнени сили, што значи дека тоа нема да се случи. И ова е главното прашање и главниот предизвик кога зборуваме за борба или соборување на Хутите“, изјави Ејал Пинко, виш научен Бегин-Садат, Центар за стратешки студии – Израел.

На годишнината од смртта на генерал Касем Сулејмани, иранскиот претседател вети дека Иран ќе ги фрли Америка и Израел на колена. Шефот на единицата „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда беше убиен во американски напад врз меѓународниот аеродром во Багдад.

„Америка, Израел и Европа кои зборуваат за човештвото и човековите права се варварски, античовечки лажговци. А сега можете да видите какви злосторства прават во регионот. Ние ќе застанеме на патот на праведноста и ќе ги доведеме овие кукавици на нивните колена со нашата моќ“, изјави Масуд Пезешкијан, претседател на Иран.

Војната на Блискиот Исток се разгоре по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Маријана Димовска