Отворен предмет за случајот со фотографијата со мечка на заменик-директорот на „Македонија пат“
Оттаму сметаат дека не држат оправдувањата на Дранго оти мечката била прегазена и оти тој бил повикан да го отстрани животното, бидејќи, во билтенот на МВР не постои податок од декември за сообраќајна несреќа со мечка...

Откако Битолското обвинителство соопшти дека е отворен предмет за случајот со фотографијата со мечка на заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, здружението „Анима Мунди“ оцени дека е ова добар чекор кон разрешница на случајот.
Оттаму сметаат дека не држат оправдувањата на Дранго оти мечката била прегазена и оти тој бил повикан да го отстрани животното, бидејќи, во билтенот на МВР не постои податок од декември за сообраќајна несреќа со мечка, а има и строго дефинирана постапка како се постапува во таков случај, каде МВР мора да биде вклучено.
Здружението се сомнева и оти Дранго има забрана за користење оружје.
Фото:/ Anima Mundi – здружение за заштита на животни
