Образование

Нов модел на државна матура, најави Јаневска

03.01.2025 14:14

Предвиден е нов модел на матура, откри министерката за образование и наука. Учениците од стручните училишта ќе полагаат средно стручна државна матура, која ќе одговара на предметите кои ги имаат во нивната наставна програма, а се различни од гимназиските. Тие без приемен испит ќе можат да одат на сродни факултети…

Државната матура ќе се полага по нов модел. Посебни тестирања ќе има за гимназиите и за средните стручни училишта. Според министерката Јаневска, на овој начин им се олесни  полагањето на учениците бидејќи ќе бидат оценувани по програмата која ја учат.

Оваа измена е предвидена во Законот за средно образование кој Владата го врати на доработка, откако пратениците од Европскиот фронт најавија негово блокирање поради одредбата со која се предвидува интонирање на државната химна во средните училишта. Јанева вели, нема да дозволи политиката да се вмеша во образованието.

Зголемување на квалитетот на високото образование, проширување на опфатот на студентскиот оброк, дигитализација на учебниците, регулирање на средношколското движење.

Средношколците и студентите ги испорачаа своите барања до МОН.

Годинава студентите ќе се возат бесплатно во автобусите на ЈСП, префрлени се 120 милиони денари на претпријатието. Универзитетското студентско собрание бара мерката да се прошири и на приватните факултети, како и во другите универзитетски градови.

 

Викторија Милевска