Економија

Трговците почнаа да ги коригираат цените, контроли и во наредниот период

03.01.2025 16:38

Почна да се чувствува извесно намалување на цените на прехранбените артикли. Вака кажа премиерот Христијан Мицкоски од Радовиш најавувајќи дека пазарните инспектори и понатаму ќе ги чешлаат трговците. За оваа година обезбедени се пари за зголемување на пензиите и платите на вработените во здравството…

Пазарните инспектори и понатаму да бидат на терен и да ги контролираат обидите за манипулации со цените на прехранбените артикли. Вака бараат граѓаните кои тврдат дека по маркетите се чувствува извесно намалување на цените.

Инспекциите со засилени контроли ќе бидат и пред Божиќните празници, кажа премиерот Христијан Мицкоски, кој подвлече дека нема да се толерираат манипулациите.

За оваа година Владата обезбеди пари во Буџетот за ново зголемување на пензиите, но и за платите на вработените во здравството каде ќе има и нови вработувања.

Премиерот заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов ја посетија спортската сала во Радовиш каде се инвестираа 20 милиони денари за нов под и трибини.

Ване Трајков