Загаден воздух

Аерозагадувањето урива рекорди

03.01.2025 16:48

Скопје и денеска им прави друштво на најзагадените градови во светот. Високи концентрации на штетни ПМ-честички и во Струмица, каде веќе се во сила препораки за заштита на граѓаните...

Скопје и денес потона во магла. Најзагаден град во Европа. Граѓаните се гушат, а останува да чекаат да заврне дожд или да дувне ветер за да може да дишат.

Метрополата денеска меѓу најзагаденитe градови во светот. Граѓаните велат излегуваат од дома само доколку имаат потреба да завршат некоја обврска. Повеќето од нив со маска се штитат од отровот што го дишеме.

Забрана за греење на нафта, лесни масла, јаглен, мазут, кокс, домаќинствата кои се греат на дрва да постават филтри, деновите кога е загадено да сообраќаат само возила со зелени налепници, поставување камери низ Скопје за надзор од палење токсичен отпад, индустриските капацитети да користат соодветна гас или електрична енергија, за време на градежни работи околу градежните објекти да има постојан мониторинг на прав . Ова се дел од мерките кои од иницијативата о2 ги бараат од Град Скопје.

Од „О2 иницијатива“ ја поздравуваат планската програма на Владата, но велат потребно е да има акционен план како и кога ќе се дејствува.

 

Ана Јосифоска