Ски- центарот Копанки атрактивен за домашни и странски туристи
Еден месец од стартот на ски-сезоната, ски- центарот Копанки руши рекорди на посетеност. Со иделана надморска висина и снежна покривка од еден метар, Пелистер атрактивен за посетители од земјава, но и од регионот. Сместувачките капацитетеи во декември и јануари 100% исполнети. Директорот Горан Исков вели, работиме на тоа да ги привлечеме странските туристи, но и да им ги промениме навиките на домашните, кои сè почесто одат во соседните ски- центри.

Пелистер, најјужната планина со алпски карактеристики, деновиве буквално е преплавена од туристи од земјава и регионот. Љубителите на снегот и на белите спортови, после неколку години, конечно можат да уживаат и во домашните ски центри.
Опколен со раскошната моликова шума, прекрасен планински воздух, дебела снежна прекривка, ски-центарот Копанки, годинава руши рекорди на посетеност.
Со одлична надморска висина и снешна покривка од над еден метар, ски- центарот Копанки, сè поатрактивен како за домашните, така и за странските посетители. Туристите презадоволни, а за претстојниот зимскиот распуст најмногу се радуваат децата.
„Ние сме од Грција, од Атина, тука сме за прв пат и прекрасно е, ни се допаѓа, мислам дека е подобар дури и од ски- центрите во Грција.“
„Денес ни е последен ден овде, не знаевме за овој ски- центар, и сериозно размислуваме да се вратиме со ски- опремата“, велат странските туристи кои ги анкетиравме.
За разлзика од лани кога скијачката сезона траеше само десетина дена, оваа година стартот беше одличен. Снегот кој падна на почетокот на декември, благодарение на временските услови се задржа на Пелистер. Тоа привлече и многу туристи, па се бара место плус во хотелско-сместувачките капацитети.
Жичницата непречено ќе работи до 19-ти јануари, рекордна посетеност се очекува преку целата зимска сезона.
Александра Максимовска
