Регион
По масакрот во Цетиње, најавен нов закон за оружје во Црна Гора
04.01.2025 13:50
Демонстранти синоќа се собраа пред зградата на црногорската влада во момент кога се одржуваше Советот за Национална безбедност.

Црногорскиот премиер Спајиќ најави нов закон за оружје во земјата. Строги проверки ќе бидат спроведени за секој што легално поседува оружје.
За оние пак што поседуваат нелегално оружје треба во следните два месеца доброволно да го предадат за да не бидат ригорозно казнети.
Демонстранти синоќа се собраа пред зградата на црногорската влада во момент кога се одржуваше Советот за Национална безбедност.
Граѓаните се револтирани по масивното убиство на 12 лица во Цетиње на 1 јануари. Побараа одговорност и смена на целото раководство во безбедносниот систем.
