Воен конфликт
Продолжува бробата со дронови меѓу Москва и Киев
04.01.2025 14:32
Руските сили пак тврдат дека уништиле 16 украински беспилотни летала над пет руски региони во текот на ноќта.

Продолжуваат борбите во Украина. Русија во првите три дена од 2025 година изврши повеќе од 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, изјави украинскиот претседател Зеленски.
Руските сили пак тврдат дека уништиле 16 украински беспилотни летала над пет руски региони во текот на ноќта.
Соединетите Американски Држави наскоро ќе објават нови пакети воена помош за Украина, соопшти Белата куќа.
Во меѓувреме, Словачка најави контрамерки против Киев поради одлуката да го запрат транзитот на руски гас низ територијата на Украина.
Словачкиот премиер Фицо го обвини претседателот Зеленски за саботажа.
