Газа

Напад врз камп во Западниот Брег, има повредени

04.01.2025 19:33

Нападите на израелските сили во Газа оставија многу болници и медицински установи нефункционални и тоа може да претставува воено злосторство, велат од Обединетите нации.

Не мирува Блискиот Исток. Напад врз камп во Западниот Брег, има повредени. Администрацијата на САД во заминување го известила Конгресот дека планира да му продаде на Израел оружје во вредност од осум милијарди долари.

Нападите на израелските сили во Газа оставија многу болници и медицински установи нефункционални и тоа може да претставува воено злосторство, велат од Обединетите нации.

Советот за безбедност одржа итна седница за нападот на болницата во северна Газа.Од израелската одбрана велат дека цел на нападот биле оперативци на Хамас.