Јужна Кореја

Приврзаници на Јун Сук Јеол протестираат во знак на поддршка

04.01.2025 18:44

Политичката криза која ја парализираше јужнокорејската политика и донесе импичмент на двајца шефови на држави за помалку од еден месец почна на трети декември.

Стотици приврзаници на отповикуваниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол се собраа пред неговата претседателска резиденција во Сеул во знак на поддршка. Протестот следува откако јужнокорејските истражители вчера ја напуштија рездиденцијата по речиси шестчасовен обид да го приведат.

Политичката криза која ја парализираше јужнокорејската политика и донесе импичмент на двајца шефови на држави за помалку од еден месец почна на трети декември.

Претседателот Јун, немоќен да ги одблокира законите во парламентот во кој доминираше опозицијата, прогласи воена состојба.

Парламентот ја поништи декларацијата за неколку часа и го отповика самиот Јун на 14 декември, додека властите отворија кривична истрага за настаните.