Граѓаните се подготвуваат за претстојните празници, цените на пазарите пониски од лани
Денес е ден за набавка на намирници за бадниковата трпеза. Дали значи дека ако е посно, е и поевтино?

„Костените се поевтини од лани, лани беа 250, сега се 150 денари“-искусен продавач и нас и купувачите на „Зелен пазар“ нè убедуваше оти цените се намалени, за да им се овозможи на граѓаните да си ги дозволат основните намирници за празниците.
Цената на овошјето е двојно пониска од лани, трговците уверуваат и додаваат дека се откажале од дел од профитот.
Граѓаните се подготвуваат за претстојните празници, на пазарите раздвижено. Но, не сите го забележуваат намалувањето. Најмногу купуваат костени, ореви.
Некогаш можеби се купувало повеќе, сега помалку, велат, но сакаат и се трудат да ги одржат традицијата и верските обичаи.
И на крајот на краиштата, зар е важно што има на трпезата, битно е целото семејство да е на купче.
Александра Велинова
