Има мерки, но потребна е и свест против аерозагадувањето
Државата нагласува дека има краткорочни и долгорочни мерки против загадувањето на воздухот, а и засилени контроли и казни. Но, параметрите остануваат високи, опасноста за здравјето уште поголема. Потребно е повисоко ниво на свеста, освен казните и ограничувањата.

Инспекторатот за животна средина ги засили контролите кај големите производители со А и Б интегрирана дозвола поради енормното загадување на воздухот. Има и вонредни контроли. Препораката е да се намали, не да се згасне производството зашто тогаш има и поголемо загадување и големи штети. Заедно со МВР има и контрола кај работилниците и сервисите за автомобили.
И градилиштата се големи загадувачи, а Министерството за животна средина бара соработка со општините кои треба да ги пратат инспекторите на терен.
Греењето останува долгорочен проблем и мерка. Во акцискиот план до 2030 година предвидено е менување на системите за греење на 70 државни институции во неколку градови.
Елизабета Митреска
