Учесниците на 36-тиот Илинденски комитски марш пристигнаа во Велес

29.07.2014 13:23

Четириесетина следбеници на македонските комити и војводи, учесници на 36-тиот Илинденски комитски марш пристигнаа во Велес. Се поклонија пред спомениците на велешките славни војводи, а потоа го продолжија патот кон Чашка каде што ќе им се приклучат уште неколку коњаници...

Четириесетина следбеници на храбрите македонски комити и војводи учесници на 36-тиот Илинденски коњички  марш, пристигнаа  во Велес.  Се поклонија пред споменикот подигнат во чест на славните војводи Андреја Димов Докурчев, Тодор Христов Офицерчето и Јован Наумов Алабакот.

Бројот на учесниците на годинешниот Илинденски марш ја потврдува решеноста на македонскиот народ за зачувување и пренесување на македонската историја на идните генераци.

„Заинтересираноста на коњаницата од цела Македонија е се поголмеа, ние гледаме во рамки на нашите можности таа да биде уште поголема“, велат организаторите.

Со погача за добредојде и традиционалното македонско оро, велешани и годинава ја пречекаа коњаницата.

„Добро е многу е убаво“.

„Мислам дека со ова се одбележува традиција од илинденското востание, мислам дека сегаде каде што минат по сите села и градови луќето треба да испаднат и да ги пречекаат достоинствено“, велат анкетираните велешани.

Знамето на Велес и Гемиџиите и годинава беше предадено на учесниците на коњаничкиот марш со замолница да се развее таму каде што гордоста да си Македонец најсилно се чуствува, таму горе во Крушево.

„Ова им го должиме  на Алабакот, Докурчев, Офицерчето, луѓето кои ја освоија касарната за време на Илинденското востание во Крушево, едноставно Велес бил секогаш домаќин на коњаницата така ќе биде и во иднина“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

Коњаницата ноќеваше  во Велес, а рано утрово преку општина Чашка го продолжи патот кон славното Крушево

 

Дијана Иванова