Свет
Почина највозрасната жена на светот, неколку месеци пред да наполни 117 години
04.01.2025 20:10
Итока, била родена на 23 мај 1908 година, а според Гинесовата книга на рекорди, минатата година стана највозрасната личност на светот по смртта на 117-годишната Американка Марија Брањас.

Највозрасната жена на светот, Јапонката Томико Итока почина неколку месеци пред да наполни 117 години.
Итока, била родена на 23 мај 1908 година, а според Гинесовата книга на рекорди, минатата година стана највозрасната личност на светот по смртта на 117-годишната Американка Марија Брањас.
Според Геронтолошката истражувачка група, најстарата личност во светот сега е 116-годишната бразилска калуѓерка Ина Канабаро Лукас, која е родена 16 дена по Итока.
