Македонија

Младите треба да се охрабрат и да пријават коруптивни случаи

05.01.2025 17:10

Македонско американската Алумни Асоцијација во Струмица организираше панел-дискусија како младите да препознаат и пријават коруптивни случаи. Стравот од реперкусии и немање доверба во институциите се најчестите причини што младите не пријавуваат корупција …

Ретко се охрабруваат младите да пријават корупција кај надлежните. Или не знаат каде и како или се плашат од реперкусии оти немаат доверба во институциите. До ваква констатација дојде Македонско американската Алумни Асоцијација која во Струмица организираш панел-дискусија за улогата на младите во сузбивањето на корупцијата.

Универзитетскиот професор и поранешен заменик-директор на Управата за финансиска полиција Берат Дехари предложи нов начин на пријавување на сомнителни коруптивни случаи оти младите разочарани се повеќе заминуваат во странство

Во Струмица има два случаи кои се иницирани од млади и добија судска завршница во која е докажана корупција. Станува збор за млади кои сакале да отпочнат бизнис а од страна на одговорни лица им биле побарани финансиски надомест.

Ване Трајков