Во пораст бројот на карциноми на простата
Расте бројот на мажи со карциноми на простата во Југозападниот регион во земјава. Лекарите велат дијагностицирани се голем број мажи со овој тип заболувања. Апелот е задолжителни редовни прегледи...

Во пораст бројот на карциноми на простата во Југозападниот регион во земјава. Тоа е најчестото заболувања денес кај машката популација. Лекарите велат загрижува и тоа што е намалена старосната граница, а дијагностицирани се голем број случаи со овој тип заболување кај помлади лица.
„Дијагностицирани се многу мажи со вакви болести можеби и затоа што денес имаме посовремени дијагностички методи во минатото ги немавме, имаше само основни прегледи што сите го избегаваа како непријатен преглед. Денес најпогодена е популацијата од 60 до 70 години“, вели д-р Ристе Медароски уролог при Општа болница Охрид.
Раната дијагностика е предуслов за успешно лекување. Апелот на лекарите е мажите над 45 години задолжително еднаш годишно да прават уролошки прегледи.
„Мажите не треба да се плашат од прегледи, туку секој маж над 40-45 години треба редовни прегледи бидејќи оттогаш почнуваат проблемите со уринарниот тракт. Првиот преглед е ехо и крвна слика за да се испита тумор маркер на простата“, вели Медароски.
Годишната стапка на смртност на 100.000 луѓе од рак на простата во земјава е седум до десет заболени лица.
Соња Рилковска
