Град Скопје

Изминатата недела биле казнети над 20 загадувачи на воздухот, инспектори вршат засилен надзор, велат од Град Скопје

05.01.2025 12:05

Аерозагадувањето е еден од причинителите но и важен фактор при одложувањето на оздравувањето. Опасните ПМ честици во изминатите денови биле неколкукратно повисоки од дозволеното речиси низ целата земја. Скопје е еден од по алармантните случаи. Од Град Скопје денеска излегоа со соопштение и ги повикаа и останатите институции да се вклучат активно во справувањето со овој проблем...

Аерозагадувањето е еден од причинителите но и важен фактор при одложувањето на оздравувањето. Опасните ПМ честици во изминатите денови биле неколкукратно повисоки од дозволеното речиси низ целата земја. Скопје е еден од по алармантните случаи. Од Град Скопје денеска излегоа со соопштение и ги повикаа и останатите институции да се вклучат активно во справувањето со овој проблем.

„Во услови на нотирано зголемено загадување на амбиенталниот воздух во Град Скопје, покрај Инспекторатот на градот, сè уште има вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадувањето на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните меѓу кои Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот градежен инспекторат, инспекциските служби на 10-те општини во град Скопје“, соопштија од градот.

За време на изминатата недела инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори изрекле казни на над 20 сторители, а секоја недела во просек изрекувале помеѓу 20 и 30 санкции.