воен конфликт
Киев и Москва бележат загуби на фронтот
05.01.2025 19:07
Жестоките борби продолжуваат во Доњецката област. Вчера руските војници 95 пати ја погодија границата на регионите Чернихив, Харков и Суми.Во гранатирањата има повредени...

Руските сили загубиле еден баталјон, вклучително и севернокорејски војници за време на битките во регионот Курск оваа недела, соопшти украинскиот претседател. Жестоките борби продолжуваат во Доњецката област. Вчера руските војници 95 пати ја погодија границата на регионите Чернихив, Харков и Суми. Во гранатирањата има повредени.
Зеленски ги објави плановите за состаноци со меѓународните сојузници во американската воздушна база во Рамштајн, Германија, оваа недела.
