Блиски Исток

Во Тел Авив протести за прекин на огнот во Газа

05.01.2025 19:44

Стејт департментот потврди дека неформално го известил Конгресот за планираната продажба на оружје на Израел во вредност од осум милијарди долари...

Израелската армија соопшти дека соборила балистичка ракета која била истрелана од Јемен. Стејт департментот потврди дека неформално го известил Конгресот за планираната продажба на оружје на Израел во вредност од осум милијарди долари. На улиците во Тел Авив продолжија протестите за прекин на огнот и враќање на заложниците.

Демонстрантите го критикуваа начинот на кој премиерот се справува со војната во Газа и неуспехот на неговата влада да обезбеди договор. Го повикаа новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп да го притисне Нетанјаху да стави крај на војната.