регион

Во Црна Гора граѓаните доброволно предаваат оружје

05.01.2025 15:56

Црногорските власти решија да воведат нов закон за поседување оружје по масовното убиство на почетокот од Новата Година...

Во последните три дена, граѓаните на Црна Гора доброволно предале 30 парчиња оружје и муниција како дел од кампањата „Почитувај го животот, врати оружје“. Црногорските власти решија да воведат нов закон за поседување оружје по масовното убиство на почетокот од Новата Година.

На 1-ви јануари вооружен маж застрела седум мажи, три жени и две деца на возраст од 10 и 13 години во Цетиње, по што самиот си пресуди. Четворицата тешко ранети се во болница. За трагедијата, во соседна Србија денеска е Ден на жалост.