Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Македонскиот народ со многу внимание го празнува Божик, денот на Христовото раѓање...

Православните христијани утре го слават Бадник, ден пред големиот христијански празник Божик.
Се подготвуваат коледарските огнови. Традиција што се одржува со години. Пред зградите се подготвува трпезата и топли напивки. Граѓаните изминативе денови организирано собираа средства за да се набави сето она што традиционално се принесува околу огнот. Од црквата со апел до верниците дека треба достоинствено да ги пречекаат празниците.
Утре бадникови поворки ќе се движат низ главниот град. Ќе тргнат пред Музејот на Град Скопје, ќе се движат низ улицата „Македонија“ и ќе завршат на плоштадот во Скопје, каде што ќе се одржат голем божикен концерт, креативни работилници за децата каде секое дете ќе може да изработи своја ѕвезда. Ќе има и драмски претстави за сите возрасти, како и традиционално дарување од градоначалниците, кои ќе ги пречекаат дечињата, како најрадосни предвесници на христовото раѓање. На плоштадот во Скопје претходно беше поставена пештера на христовото раѓање. Православните христијани со радост го очекуваат големиот празник христовото раѓање, кој црквата го одбележува со свечени литургии и вековни традиции.
Ова се денови исполнети со радост и убава мисла.
Ана Јосифоска
