Европа

Обединетото Кралство и Германија под снег

05.01.2025 18:23

Издадени се предупредувања за снег и замрзнат дожд во голем дел од Велс и Англија...

Изобилните снежни врнежи го прекинаа воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија. Издадени се предупредувања за снег и замрзнат дожд во голем дел од Велс и Англија. Британската метеоролошка служба соопшти дека некои региони би можеле да бидат отсечени поради снежните наноси. Во Ирска 30 илјади домаќинства останаа без вода поради студеното време.

Снегот и мразот предизвикаа хаос и во Германија. Многумина останаа на завеаните патишта. Од аеродромите откажани се стотина летови како мерка на претпазливост.