партии
СДСМ бара власта да се откаже целосно од измените на спорниот Закон за заштита на деца
05.01.2025 18:44
Од партијата ги истакнуваат како спорни членовите 9 и 10 од предложените измени, кои предвидуваат воведување двојазични лиценци за детска заштита...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија побара од власта целосно да се откаже од измените на Законот за заштита на децата, поради спорните одредби што ги содржи.
„Го поздравуваме непотпишувањето на указот од страна на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, со што се отвора можноста за повторно разгледување. Бараме од Владата да се повлече од намерата за измена на Законот“, соопштуваат од СДСМ.
Од партијата ги истакнуваат како спорни членовите 9 и 10 од предложените измени, кои предвидуваат воведување двојазични лиценци за детска заштита.
