Аерозагадување

Неопходно е справување со аерозагадувањето

06.01.2025 07:55

По два дена прекинат е прагот на алармирање за степенот на загаден воздух во Струмица. Невладините бараат конкретни мерки за аерозагадувањето. Од Град Скопје обвинуваат дека од 14 надлежни институции во државата, кои треба да се грижат за квалитетот на воздухот...

Изутринава Скопје е на 15-то место во светот по загаден воздух. Според платформата Ај-Кју-Ер, од градовите во регионот, Сараево е на трето, а Приштина на 8-то место. Пред три дена, метрополата беше на врвот со регистрирани 263 Пи-ем честички.

По два дена прекинат е прагот на алармирање за степенот на загаден воздух во Струмица. Невладините бараат конкретни мерки за аерозагадувањето. Од Град Скопје обвинуваат дека од 14 надлежни институции во државата, кои треба да се грижат за квалитетот на воздухот, единствено тие преземаат мерки. 

Од животна средина велат дека краткорочните и долгорочните мерки, усвоени од владата се на сила. Апелираат општините и сите надлежни институции да се вклучат во активностите против загадениот воздух.