Вашингтон е подготвен за инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД
Конгресот треба формално да ја потврди изборната победа. На 20-ти јануари шефови на држави и влади и илјадници луѓе, ќе бидат во Вашингтон на инаугурацијата на новоизбраниот претседател...

Под засилени безбедносни мерки, Вашингтон е подготвен за инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД. Конгресот треба формално да ја потврди изборната победа. На 20-ти јануари шефови на држави и влади и илјадници луѓе, ќе бидат во Вашингтон на инаугурацијата на новоизбраниот претседател.
„Пред четири години, на 6-ти јануари, овој Капитол беше нападнат од насилна толпа. Нашата демократија беше буквално ставена на тест. И за среќа, нашата демократија се одржа. Институциите се важни. Заштитните мерки се важни. Ги знаете основните традиции што долго време ги почитувавме во Америка, потврдувајќи ги изборите и присуствувајќи на инаугурацијата на идниот претседател. И сето ова е дел од традицијата што треба да почнеме да ја обновуваме“, изјави Џо Бајден – претседател на САД.
Властите тврдат дека засега немаат веродостојни разузнавачки информации за масовни демонстрации како пред четири години кога поддржувачите на Трамп упаднаа во Капитол.
