Блинкен ја истакна загриженоста за продлабочувањето на врските меѓу Русија и Северна Кореја
Имаме причина да веруваме дека Москва има намера да сподели напредна вселенска и сателитска технологијата со Пјонгјанг и дека рускиот претседател Путин можеби е блиску до промена на децениската политика на Русија и прифаќање на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја, изјави Ентони Блинкен - државен секретар на САД....

Државниот секретар на САД Блинкен ја истакна загриженоста за продлабочувањето на врските меѓу Русија и Северна Кореја, нарекувајќи ја нивната соработка двонасочна улица.
„Северна Кореја веќе добива руска воена опрема и обука. Сега, имаме причина да веруваме дека Москва има намера да сподели напредна вселенска и сателитска технологијата со Пјонгјанг и дека рускиот претседател Путин можеби е блиску до промена на децениската политика на Русија и прифаќање на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја“, изјави Ентони Блинкен - државен секретар на САД.
Откако вчера се појавија информации за нова украинска офанзива во Курск, битките на фронтот се засилија. Меѓународната агенција за атомска енергија информира за експлозии во близина на нуклеарната централа Запорожје која е под контрола на Русија од март 2022 година.
Руската армија ослободи град кој се наоѓа во југозападниот дел на Донбас, соопшти руското Министерство за одбрана. Украинската армија загубила повеќе од 12.000 луѓе.
