Македонија

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

06.01.2025 09:19

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени-6 степени...

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени-6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, -4 во Скопје-Зајчев Рид и Тетово, -3 во Крива Паланка, Штип и Струмица, -2 во Велес, Битола и Демир Капија, -1 во Кавадарци, Прилеп и Виница, 0 во Попова Шапка, Претор и Охрид, 1 во Крушево и Маврови Анови, 2 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 48 сантиметри во Попова Шапка и 42 во Маврови Анови.