САД
Снежна бура во САД и Европа
06.01.2025 09:33
Повеќе од 60 милиони луѓе се под зимска тревога, наместа се очекуваат и најизобилните снежни врнежи во последните десет години...

Патниот, железничкиот и авиосообраќајот е нарушен поради силниот дожд и снег во делови од Велика Британија, Германија и Холандија. Во Норвешка, снежни врнежи на југоистокот, додека во Шведска е издаден портокалов и жолт аларм поради студеното време.
Снежна бура го зафати и источниот дел на САД. Кентаки, Вирџинија, Канзас и Мисури го подигнаа алармот на ниво на вонредна состојба.
Повеќе од 60 милиони луѓе се под зимска тревога, наместа се очекуваат и најизобилните снежни врнежи во последните десет години.
