МВР

Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари

06.01.2025 10:15

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с. Огњанци, скопско и малолетник од с. Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти...

Синоќа околу 19.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с. Огњанци, скопско и малолетник од с. Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија.

Претходно, полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.