Блиски Исток
Хамас изрази подготвеност да ослободи 34 заложници
06.01.2025 11:00
Израелските власти изјавија дека сè уште не добиле список. Индиректните преговори меѓу двете страни продолжија во Доха, Катар, кој посредува заедно со Египет и САД...

Хамас изрази подготвеност да ослободи 34 заложници, жени, деца и повозрасни лица кои ги држи во Појасот Газа, како прв чекор од договор за прекин на огнот со Израел.
Израелските власти изјавија дека сè уште не добиле список. Индиректните преговори меѓу двете страни продолжија во Доха, Катар, кој посредува заедно со Египет и САД за постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Во меѓувреме, Израел ги продолжи акциите во централниот и јужниот дел на Газа. Во напад на Западниот Брег регистрирани жртви и повредени.
