Одбележана 1000 годишнината од битката на Беласица
Во Струмица е одбележана илјада годишнината од битката на Беласица која како настан идната година ќе биде екранизирана во филмско дело. Од собирот, господин господин Стефан упати порака за семакедонско помирување и простување.

Во месноста Пирго во близина на подбеласичкот село Мокриево се одбележа 1000-годишнината од Беласичката битка. Судирот меѓу македонската војска предводена цар Самоил и византиската на имепраторт Василиј 2 го означи почетокот на крајот на средновековната македонска адржава. Во Пирго се случил и првиот продор на Византијците кои зад грб ги нападнале македонските војници. Историчарите велат дека самоиловото царство е извор од кој и денес го влечеме националниот континуитет.
„Посебно кога зборуваме за Цар Самоил, ова е како врв на достигнувањата на македонската средновековна држава, од која ние нормално го влечеме овој континуитет, како на името, така и на нацијата“, вели Ѓорги Делев, историчар.
Младите да научат за делата на нивните прадедовци и жртвата која тие ја дале за самостојна Македонија, порача пратеничката Силвана Бонева.
„Денеска имаме самостојна и независна македонска држава, која што со векови била инспирација на генерации да ја пролеат крвта за неа. Затоа, треба да ја чуваме, да ја сакаме, да ја негуваме“, вели Силвана Бонева, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ.
Братоубиствата, неединството се во голема мера причина за сите порази на Македонија и Македонците низ вековите, посочи архиепископот охридски и македонски г-г Стефан на литургијата посветена на Самоил и неговата поразена војска што се одржа во манастирот свети леонтиј во Водоча.
„И од ова место да повикаме на семакедонско помирување и семакедоснко проштевање. А се во интерес на нашите национални, државни, па и црковни интереси. На тоа не обврзуваат илјадниците жртви паднати за македонската земја“, вели г.г Стефан, архиепископ Охридски и македонски.
Беласичката битка и царството на Самоил идната година ќе биде екранизирано во долгометражен филм, финансиран од Филмскиот фонд на Македонија.
Филмот за Самоил ќе почне да се снима мај идната година.
Катерина Давчева
